Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски не чекаше Заев да го разреши, сам се повлече од две владини функции

Мицкоски не чекаше Заев да го разреши, сам се повлече од две владини функции

Директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски кој е се уште актуелен директор на ЕЛЕМ не чекаше од новиот премиер Зоран Заев да го разреши и донесе одлука сам да се повлече од две владини функции како советник на премиерот и член на владина комисија. 

Уште на првиот ден од работата на новата влада, 1 јуни, Мицкоски си поднел оставка од позицијата член на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Регион 1/2/3.

Тој со изјава побарал и раскинување на договор со кој бил ангажиран како надворешен соработник од областа на енергетиката во Канцеларијата на премиерот.

Мицковски засега не се откажал од директорското место во државната компанија ЕЛЕМ, но се очекува да биде разрешен и на негово место владата да постави друг кадар.

Тој денеска изјави дека е отворен за соработка со наследникот што ќе дојде на негово место и додаде дека ќе му предложи да продолжи реализацијата на веќе започнатите проекти во компанијата, кои како што кажа, се корисни за портфолиото на компанијата, но и за доброто на државата и сите граѓани.

– Моја задача ќе биде да го убедам наредниот директор на компанијата дека проектите се добри. Стојам на располагање да помагам во реализација на стратешките проекти од кои ќе имаат корист сите граѓани и отворен сум за соработка со секој што и мисли добро на компанијата и на државата, рече Мицкоски.


Слично

Поврзани вести