Мицкоски: Не бараме амнестија, не бараме милостина, туку бараме правда за осудените за 27 април
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата кај претседателот Стево Пендаровски изјави дека не бараат амнестија, туку правда за луѓето кои се осудени за упадот во Собранието.
Тој вели дека треба да има повторен судски процес, и нема луѓето да бидат, односно според него не постои основ овие луѓе осудени за 27 април да бидат осудени како терористи.
„Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда за сите граѓани. Ќе се борам до последна капка крв за секој еден граѓанин на нашата Македонија“, рече тој.
Мицкоски вели дека ако можело да има повторено судење за „Сопот“ и„Монструм“, треба да има и за овој случај.
„Срамота е да бидеме единствена држава со 35 осудени терористи во затвор, а сакаме да бидеме дел од Европа“, изјави Мицкоски.
Зборувале и за економската состојба во државата, за криминалот и корупцијата. Тема на дискусија биле инвестициите, и се договориле со Пендаровски да одржуваат контакт за теми кои се важни за земјата и граѓаните. Мицкоски кажа дека дека ги одмрзнале односите со претседателот.
