Мицкоски: Народот врие, излезе народ на улица
Денеска се одржа протест за ослободување на осудените за упадот во Собрание кој се случи на 27 април 2016 година. Илјадници луѓе дојдоа и побараа ослободување на затворените на кои им се ссудеше за тероризам. Се бараше понитување на тоа судење и да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните. протестот насловен „Слобода на уставобранителите“ го поддржа партијата ВМРО-ДПМНЕ. а целиот партиски врв на чело со ХРистијан Мицкоски присуствуваше на марширањето.
„Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие. Излезе народ на улица. Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност.
Слобода за уставобранителите! Ќе се бориме заедно за исправање на неправдите и одговорност без оглед за кого се работи. Честитки за сите кои присуствуваа, но и за оние кои со своите срца се за истите цели, напиша Мицкоски на фејсбук попладнево.
СДСМ тврди дека со овој протест се дава поддршка на осудени лица за тероризам и дека опозициската партија поддржува насилници.
Слично
