Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски најави политика на реципроцитет со Бугарија, ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт

Мицкоски најави политика на реципроцитет со Бугарија, ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за белградска „Политика“ вели дека најголемата опозициска партија ќе води политика на реципроцитет со Бугарија кога ќе дојде на власт.

Според Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ односите со соседите, како што вели,  ќе ги базира на вредности на меѓусебна почит, толеранција и ќе ги надградува низ полиња на взаемен интерес на народите.

– Ние нема како Заев да пробуваме да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи и да се служиме со измами и трикови. Од нас може да имаат само искрен пријател и сосед со кој ќе работат на светла заедничка нова иднина за регионот, но и примена на принципот на реципроцитет, вели тој во интервјуто.

Одговарајќи на пршање во врска со ЕУ, оценува дека народот со право е разочаран и има чувство дека премногу жртвуваше за нешто што не го доби, бидејќи и по склучените договори со Грција и Бугарија, смета Мицкоски, земјата е на истото ниво на патот кон ЕУ, како и пред тие договори.

– Иднината на Македонија е во Европската Унија и тој пат нема алтернатива, но воедно таа цел е можна доколку имаме Влада која се бори за принципи, за вредности, против криминалот и корупцијата, која прави реформи и има отворени односи на взаемно почитување кон сите соседи, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто.


Слично

Поврзани вести