Мицкоски на средба во придружба на Зоран Ставрески
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави фотографии од вчерашната средба со директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија на која е придружуван од поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Поранешниот вицепремиер за економски прашања во владата на Никола Груевски се врати на партиската сцена на крајот од минатата година како дел од работно тело на ВМРО-ДПМНЕ за следење на реализацијата на проектите што беа ветени во кампањата за локалните избори.
„Денеска остварив средба со Даниел Браун, резидентен директор на Фондацијата "Конрад Аденауер" во Македонија. Изразив благодарност за искрената и посветена поддршка од страна на Фондацијата "Конрад Аденауер" за ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека КАС од отсекогаш била искрен и посветен партнер на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Мицкоски во прилог со фотографиите.

Слично
