Мицкоски на прием во палатата на Ердоган
Премиерот Христијан Мицкоски денес беше примен во резидентната палата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Посетата е со цел, како што напиша Мицкоски,зајакнување на стратешкото партнерство со Турција.

Ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу двете влади.

„Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво“, информираше премиерот.
Слично
