Мицкоски на пауза на именден кај синот Антониј
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека паузата за време на сесијата на пратенички прашања во Собранието ја искористил за да го одбележи именденот на неговиот помал син Антониј.
„За именденот на постариот син Јован, не успеав да бидеме заедно. Бев во САД кога ја предводев државната делегација. Се поретко сме заедно, но на деновите кои ми значат правам се за неколку мига поминати заедно, па кога и тоа е на малата пауза за пратенички прашања. Среќен роденден и именден сине Антониј“, објави Мицкоски.
Мицкоски објави заедничка фотографија со својата сопруга Рози, двата сина и неговите родители.
Слично
