Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски на демонстрантите им рекол дека ќе дејствуваат од Собранието

Мицкоски на демонстрантите им рекол дека ќе дејствуваат од Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните, кои протестираа пред Собранието и побараа средба со него пред седиштето на партијата, при што им напоменал дека ги поддржува нивните протести, но пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците. 

Рекол дека тие ќе дејствуваат од Собранието.

Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“, Страшо Олумчев, по средбата, за МИА изјавил дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција.

Според Олумчев, Мицкоски им рекол дека „би било подобро партијата да биде внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки“.

Слично

Поврзани вести