МИЦКОСКИ: МВР ќе донесе уредба да нема повеќе употреба на пиротехнички средства во затворен простор
Премиерот Христијан Мицкоски вeчерва во гостување на телевизија Сител изјави дека Министерството за внатрешни работи(МВР) е задолжено да донесе заклучок или уредба или правен документ да нема повеќе употреба на пиротехнички средства, запаливи средства во затворен простор.
„Го задолживме МВР да донесе заклучок или уредба или не знам како тоа правен документ се вика да нема веќе употреба на пиротехнички средства, запаливи средства во рамките на затворен простор. Откако ќе заврши инспекцискиот надзор на целата територија на државата апсолутно тоа што ќе остане во функција, сметајте дека сто проценти ќе ги исполнуваат сите оние услови со минимум техничките услуги“, вели премиерот.
Во дискотеката Плус во Кочани, пожарот во неделата настана од искра од пиротехника од која се запали покривот. Загинаа 59 луѓе.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
