Мицкоски му порача на Билал Касами да не биде како Али Ахмети
Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври имаше забелешка за пораката на градоначалникот на Тетово и коалиционен партнер Билал Касами, кој претходно рече дека Албанците во вториот круг во Кичево треба да гласаат за албанскиот кандидат.
- И тоа е добра лекција дури и за Билал Касами, кој мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички продуцирани разлики. Ако тоа е така, која би била разликата меѓу него и Али од Зајас, кого сака да го смени?, подвлече Мицкоски.
И тоа е погрешно. Луѓето треба да се третираат како човечки со судбини кои сакаат подобар живот и кои треба да гласаат по сопствено убедување. Сакам да кажам дека ниту еден од нас не ги има гласовите во својот џеб и дека поддршката треба да се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност и разлики. Се поинау од ова сметам дека е погрешно. Во тој контекст, треба да прифати дека станал градоначалник со волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволи да ја изневери. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата, нагласи Мицкоски во своето обраќање на свечената академија „Од идеја до држава“ во Македонскиот народен театар.
Некои политичари, пак, кажа премиерот, мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички продуцирани разлики.
-Изборите од првиот круг, изразени низ освоените градоначалнички и советнички места, ја докажаа доминантната улога и поддршка што ја има ВМРО-ДПМНЕ. И ова докажува дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме ниту изневериме. Од друга страна, пак, нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места, рече Мицкоски.
