Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

Премиерот Христијан Мицкоски за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска вели дека е поголема Македонка од многу други. Тој се гордее што таа е дел од неговата Влада. 

„Тоа што министерката Сања Божиновска е дел од владата е привилегија, бидејќи тоа што таа го има направено на професионален план во енергетиката вие не можете ниту да сонувате. Јас ви гарантирам дека Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно. Нема поголема Македонка“, изјави Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски.

Спасовски на премиерот Мицкоски му го постави прашањето во врска со министерката за енергетика Сања Божиновска, која своерачно потпишала дека има бугарска самосвест и бугарско потекло во 2004 година. Тој го праша Мицкоски дали ќе се побара одговорност за случајот. 

Спасовски кажа дека е незадоволен од одговорот на премиерот Мицкоски.

Слично

Поврзани вести