Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски му кажал на Коѕијас дека одредени чекори во грчкото општество иритираат

Мицкоски му кажал на Коѕијас дека одредени чекори во грчкото општество иритираат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас.

Мицкоски кажал дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на искрено пријателство и меѓусебно почитување.

„Македонија и Грција треба да имаат заеднички интерес за засилена соработка во многу полиња кои се од интерес на граѓаните од двете држави, на економски и политички план. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски навел дека Република Македонија мора да продолжи со својата евроатланска агенда и процесот да биде одблокиран. Тоа ќе придонесе и за интеграција и стабилизирање на регионот преку засилена соработка во рамките на глобалните структури кон кои тежнее Република Македонија и природно припаѓа. На средбата претседателот Мицкоски ги афирмирал официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името. На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес“ - велат од партијата. 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ е истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси. 

Слично

Поврзани вести