Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТА НА ПАПАТА: Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТА НА ПАПАТА: Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во негово име и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV.

„Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек“, пишува Мицкоски во честитката објавена неговиот Фејсбук профил.

Им честита на сите католици и на католичката заедница во земјава. 

„Од името на Владата и во свое име, упатувам искрени честитки до сите Католици, а особено до членовите на македонската католичка заедница, кои со својата вера, култура и граѓанска посветеност придонесуваат за духовната разноликост и општественото богатство на нашата татковина. Нека мандатот на Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници, од гласот на обесправените и од надежта на новите генерации. Во време на глобални предизвици, неговата порака за мир, дијалог и човечко достоинство добива уште поголемо значење“, пишува Мицкоски. 


Во Ватикан попладнево е избран новиот Папа кој е со потекло од Чикаго, а голем дел од службата го поминал во Перу. 

Претседателот на САД, Доналд Трамп се гордее што Папата е со потекло од САД. 

Слично

Поврзани вести