МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик
Ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и посветено ќе работиме на реформите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, по усвојувањето на извештајот за напредокот на Македонија, од којшто беа изоставени референците за македонскиот идентитет и јазик.
„Не можам да прифатам како европратениците што гласаа за бришење на македонскиот јазик и идентитет мирно ќе спијат, а им благодарам на оние што гласаа или пак се воздржаа од гласање“, рече Мицкоски.
Европскиот парламент во средата со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.
„Можеби некој очекуваше по вчерашниот извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, остануваме уште попосветени и ќе докажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и да бидеме посакувани од страна на ЕУ. И не можат овие архитекти да градат ваква архитектура за да не оспоруваат и за да го попречуваат нашиот пат кон ЕУ“, вели Мицкоски.
Тој додаде дека сите партии во Македонија треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси.Поранешниот премиер на Бугарија и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, по вчерашното гласање за извештајот за Македонија во Европскиот парламент, изјави дека двете држави треба заедно да одат напред.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
