Мицкоски: Молиме да дојдат нови работници во администрацијата, не сакаат
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пратенички прашања во Собранието, давајќи одговор до каде е процедурата со Законот за правична застапеност, речедека новата власт моли работници да се јават на огласите, но дека никој не сака да работи за таа плата.
Според Мицкоски, ДУИ претходно толку ги исцедил буџетот и финансиите,што сега нема простор да се даде плата поголема од 25.000 денари за работни места во администрацијата и јавниот сектор.
„Морам да ви признаам дека ние денеска во суштина имаме голем проблем да најдеме луѓе кои штп ќе работат во јавната администрација. Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, но не сакаат, бидејќи имаат подобро платена работа. Еве јас би сакал сега во мојот кабинет да дојдат за таа плата, се Албанци еве нека бидат, но нема - не се заинтересирани.
Е сега има вработени како тие во Лотарија, најголемиот дел активисти на вашата политичка партија, кои сами си дадоа отказ, по формирањето на новата влада. Не знам и дали имаат статус на вработени, бидејќи не оделе на работа Не сум заробеник на проценти, тие не се пријавуваат - нема интерес за плата од 25.000 денари Ги повикувам сите Албанци да аплицираат и да помогнат за напредок на унитарна Македонија,но не така како во Лотарија“,речеМицкоски.
За Законот за правична застапеност тој додаде дека се чека мислењето од Венецијанската комисија, но и дека кога ќе се изгласал, не е сигурен дека архитекти и екологисти би сакале да се вработат во министерствата за тие плати што се нудат.
