Мицкоски „моли“ да се обрати во Собранието
Христијан Мицкоски. лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, бара да се обрати на собраниската седница за уставни измени, иако не е пратеник во законодавниот дом.
Неговата партија побарала да му овозможи говор на нивниот претседател за време на расправата, дознава НОВА од партиски извори.
-Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција и чиј што претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните преставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чуствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени.
Според ВМРО-ДПМНЕ, деловникот му овозможува на претседателот на Собранието на РМ, во овој случај Талат Џафери, да покани претставници на други органи и организации, односно надворешни личности.
