Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е државата да стане полноправна членка на Европската Унија(ЕУ). 

Посетата на САД ја оцени како многу успешна и корисна. Мицкоски го повтори ставот од пред неколку дена, кој предизвика остри реакции на Атина, дека покрај домашната битка, „мора да победуваме и во Вашингтон и во Брисел и Рим и во Лондон и во други метрополи во светот и да бидеме што е можно погласни, што повеќе аргументи да презентираме кај нашите соговорници, за македонското прашање, за сите оние предизвици кои се пред нас“. Мицкоски е изненаден од реакцијата на Грција и овојпат упати директни критики кон Бугарија, којашто и во 21 век не ги почитува правата на македонската заедница која живее таму. 

Изјавата на Мицкоски, од Атина ја протолкуваа како провокација и рекоа дека македонското прашање е решено. 

Изјавата на премиерот ја пренесоа голем дел од грчките медиуми, коментирајќи дека „Мицкоски провоцира“ и говори за „нерешено прашање“.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести