Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите

МИЦКОСКИ: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите

Според премиерот Христијан Мицкоски, македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање. 

Мицкоски денеска во Владата се сретна со претседателот на СДСМ Венко Филипче.

„Беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани. Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кој можат да дадат придонес на патот за развој на земјата“, велат од Владата. 

Додаваат дека македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок.

„Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот од кој граѓаните се незадоволни“, истакна Мицкоски.

Соговорниците се договорија да се формираат работни групи кои ќе разговараат за реформските законски решенија кои треба да ги гарантираат заложбите за напредок.

По завршување на средбата, Филипче кажа дека состанокот бил конструктивен. Откако минатиот месец, Македонија ја погоди трагедијата во Кочани, каде во пожар загинаа 59 луѓе, Филипче повика на лидерска средба. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести