Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Kризнатa состојба e чекор назад во борбата против КОВИД-19

Мицкоски: Kризнатa состојба e чекор назад во борбата против КОВИД-19

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагира по најавите на власта за прогласување на кризна состојба.

Вели дека кризна состојба e чекор назад во борбата против КОВИД-19. 

„Пред 8 месеци предложив воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло со помали шанси за злоупотреба. Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Стево Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава. Инаку, тогаш прогласувањето на вонредна состојба која е непрецизно регулирана им даде можност за масовни злоупотреби во пресрет на изборите, легализиран поткуп во форма на картички за еднократна употреба, субвенции, дотации, кои беа директен поткуп, а не помош. Денес кога парите се потрошија, потрошија 2 милијарди евра, кризата со Kовид не се намали“, вели Мицкоски.

Смета дека кризната состојба е само замајување на јавноста. 

По состанокот на Националниот совет за безбедност, претседателот Стево Пендаровски изјави дека епидемиолошката состојба во земјава бара многу посериозен пристап, заради што на Владата и препорачува да прогласи кризна состојба на териоторијата на цела држава.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи и 26 починати. 

Слично

Поврзани вести