Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ковачевски гласал позитивно за промена на улицата во Чаир

Мицкоски: Ковачевски гласал позитивно за промена на улицата во Чаир

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на социјалните мрежи, приложувајќи документи, објави дека премиерот Димитар Ковачевски како тогашен заменик-министер за финансии гласал позитивно на седница на Влада во 2021 за прифаќање на листата на Град Скопје со која меѓуостанатото се менува улицата „Втора Македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“.

„Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците:

Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади... доставена од град Скопје под водство на СДСМ.

На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот...

ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на МФ, Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал)“, пишува Мицкоски.

Вчера СДСМ го прозва Мицкоски како одговорен за „приватната посета“ на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и тетово, бидејќи таму „го пречекале соработници на претседателот на опозициската партија како организатори на настаните“.

Со реакција се јави и Димитар Апасиев, лидерот на Левица, кој вели дека Општина Чаир не е надлежна за имиња на улиците, туку дека листата со промена на називи била искреирана од Град Скопје под водство на тогашниот градоначалник Петре Шилегов.


Слично

Поврзани вести