Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ковачевски да одговори зошто системот со којшто се следеле лековите, не функционира и бил ставен во подрум?

Мицкоски: Ковачевски да одговори зошто системот со којшто се следеле лековите, не функционира и бил ставен во подрум?

Ковачевски треба да одговори зошто системот со којшто се следеле лековите, не функционира и кој дал наредба истиот да биде ставен во подрум, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Тој вака ја коментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека случајот со Онкологија не треба да се генерализира и дека ќе има одговорност за сите.

„Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира. Кој е тој што наредил наместо тој систем да биде функционален, да биде ставен во подрум и зошто оние кои што ќе платат добиваат соодветен медицински третман, а они кои што не можат да платат се оставени на милост и немилост во тешка мака да умираат“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека има многу прашања и одговори, но многу наскоро тие одговори ќе ги даде идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

„И верувајте дека многу наскоро од сега ќе ги добиеме тие одговори како идна влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Мицкоски.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити тврди дека никој нема да биде заштитен. 

Премиерот Димитар Ковачевски за случајот на Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици на црно на Косово денеска изјави дека пардон нема да има за никого, но побара случајот да не се политизира бидејќи како што кажа се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал. Правото на протест на граѓаните е добредојдено, според него, бидејќи врши дополнителен притисок. Попладне граѓаните ќе протестираат. 

Слично

Поврзани вести