Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Кочани се случи само 8 месеци откако станав премиер и тој ден ми беше најтешкиот

Мицкоски: Кочани се случи само 8 месеци откако станав премиер и тој ден ми беше најтешкиот

Оваа голема не среќа се случи само 8 месеци откако јас станав премиер. Само 8 месеци, од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуван со децении. Денот на несреќата не беше само најтешкиот мој ден како премиер, туку тоа беше најтешкиот ден во мојот живот како човек. Кој е виновен за сето ова? И јас го поставувам ова прашање и на ова мора да даде одговор не некаков преки суд, не јавноста туку обвинителството и судовите. Но воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили, рече премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани во која загинаа 63 лица.

Премиерот ги поофали лекарите и медицинските тимови, како и граѓаните волонтери и меѓународната солидарност. Рече дека е посебн горд на животите кои се спасени.

„Во тие часови тие не работеа само како здравствени работници. Тие работеа како луѓе кои знаат дека зад секој пациент стои семејство, стои животна приказна и стои надеж. Но многу брзо стана јасно дека дел од пациентите имаат тешки изгореници и комплексни повреди кои бараат третман во специјализирани центри за изгореници. Во тие денови, лекарите, медицинските сестри и здравствените тимови покажаа нешто што не се мери со протоколи и процедури – покажаа човечност, пожртвуваност и професионална храброст. Во такви ситуации, ниту една држава не може сама да ги носи сите медицински предизвици. Потребна е меѓународна солидарност. Токму затоа веднаш беа активирани механизмите за меѓународна медицинска соработка. Преку европските механизми за цивилна заштита и преку директна координација со партнерските држави беше организиран транспорт на дел од пациентите во специјализирани болници во странство“, додаде Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски ја искористи Меѓународната конференција за Кочани и ги прочита имињата на загинатите во пожарот во Кочани, откако претходно родителите и роднините на 63-те жртви на пропустите на ситемот, изразија револт од комеморативната седница во Собранието на 12 март.


Слично

Поврзани вести