Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Клековски е нов министер за здравство, Велковски од заменик станува министер, Перински оди во ФЗОМ

Мицкоски: Клековски е нов министер за здравство, Велковски од заменик станува министер, Перински оди во ФЗОМ

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав. Промените опфаќаат повеќе министерства и институции, а дел од ресорите добиваат нови раководители.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик министер во истото Министерство, Ѓоко Велковски, додека Сашо Клековски ќе раководи со Министерството за здравство.

Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е предложен за директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), а ресорот локална самоуправа ќе го преземе Иван Стоилковиќ.

За министер без ресор е предложен Ерџан Демир.

Коалицискиот партнер „Вреди“ ќе раководи со Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, како и со Министерството за односи меѓу заедниците.

Партијата ЗНАМ, пак, ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Премиерот Мицкоски истакна дека промените имаат за цел да го зајакнат капацитетот на Владата и да обезбедат поефикасна реализација на владината програма.

Слично

Поврзани вести