Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ќе субвенционираме оџаци на домаќинства што се греат на се и сешто

Мицкоски: Ќе субвенционираме оџаци на домаќинства што се греат на се и сешто

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип при одговор на новинарско прашање рече дека владата на седница ќе разгледува решение со кое ќе се субвенционираат маргинализиран домаќинства кои за време на грејната сезона се загреваат со се и сешто и го загадуваат воздухот.

- Треба да размислиме по истиопт принцип како што субвенционираме за клима уреди, да субвенционираме социјално ранливи категории на од прилика 5 до 10 илјади домаќинства и да им обезбедиме филтри на оџаците, рече Мицкоски.

Според премиерот,тоа се домаќинства кои користат фосилни горива и дрва.Изминатите неколку дена тој вели дека лично работел на оваа проблематика. Мапирани се и 500 јавни институции кои се загреваат на фосилно гориво и филтри и се планира и таму да се постават филтри. Единствена пречка да се реализира вонредната мерка побргу би било тоа што се распишани локални избори, но Мицкоски рече дека и за тоа прво ќесе провери законодавството.

Слично

Поврзани вести