Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски ќе се сретне со Зеленски во Минхен, остварена средба со премиерот на Холандија

Мицкоски ќе се сретне со Зеленски во Минхен, остварена средба со премиерот на Холандија

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во рамки на Безбедносната конференција во Минхен ќе оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Средби се предвидени и со Ричард Гренел, дипломатот кој е долгогодишен советник за надворешна политика на претседателот на САД, Доналад Трамп. Премиерот ќе има состанок и со претставник на „Голдман Сакс“.

„Денот го продолжуваме со други средби и други состаноци. Една од тие средби ќе биде и средба со претседателот на Украина, Зеленски, потоа амбасадорот Гренел, исто така и претставникот на финансиската групација „Голдман Сакс“.

Следете не продолжуваме со убави вести, продолжуваме со пријатни изненадувања за македонските граѓани и за Македонија.“ соопшти Мицкоски.

Премиерот остварил средба и со премиерот на Холандија, Дик Схоф, со кого било разговарано по три точки.

„Првата се наоѓаме во истата конституенца заедно со Холандија во Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Под два тоа се холандските инвестиции во Македонија, но и соработката со мултинационалната компанија „Филипс“, и можноста за соработка во здравствениот сектор. И трета тема којашто ја разговаравме евроинтегративните процеси на Македонија во рамките на Европската Унија“, објави тој

Слично

Поврзани вести