Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

Премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вечерва најави дека ќе се случат протести ако корумпираните судии за кои беше изгласана недоверба во Собранието не си дадат оставки. Додаде дека на тие протести тој ќе биде во првите редови.

„Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од 2 или 3 отсто, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи“, кажа Мицкоски. 

За тоа кој ќе ги замени, премиерот Мицкоски нагласи дека ќе се разговара, но едно е сигурно дека нема да биде исто, нема да има вакви луѓе за кои има докази, затоа што како што рече, правда не може да има како сега со судии или обвинители или пак членови на Судски совет и Совет на јавни обвинители кои се од партиски штабови.

Слично

Поврзани вести