Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ќе направат дестабилизација, за потоа да протестираат

Мицкоски: Ќе направат дестабилизација, за потоа да протестираат

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека одредени политички структури се подготвуваат да предизвикаат етнички инциденти, за да ја привлечат јавноста за, како што вели тој, отпочнување на есенски протести.

„Имаме структури и политичка моќ во државата, кои за да го заштитат имотот и сето она што го украдоа во последните 7 години и безмилосно го ограбуваа граѓанинот без разлика на етничката припадност, ќе ги злоупотребуваат и манипулираат граѓаните. Ќе манипулира одредена група луѓе со предизвикување етнички инциденти, бидејќи само така ќе ја магнетизира јавноста за дестабилизација или организирање на протестите што ги планираат оваа есен“, рече Мицкоски.

Тој им порача на граѓаните да не наседнуваат на провокациите кои премиерот ги очекува во следниот период.

„Ова не се осмелуваме како граѓани да го дозволиме. Како Влада, како премиер апелирам до граѓаните да не станат плен на овие милионери“, рече меѓу другото Мицкоски.


Слично

Поврзани вести