ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но создавањето семејство е патриотски чин

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но создавањето семејство е патриотски чин

Премиерот Христијан Мицкоски најавува поробусни акции со коишто ќе се подобри демографската слика на Maкедонија и тоа според него ќе биде главниот предизвик во годините што следат. Вели дека џабе реновираат градинки, ако нема деца. 

„Многупати сум зборувал и ќе продолжам да зборувам и ќе бидам многу гласен бидејќи може да реновираме безброј градинки и училишта, да правиме патишта, ако немаме деца, тогаш тоа ни е залудно. Можеби некои ќе ме прогласат за конзервативен, некои ќе ме прогласат за човек кој живее во минатото, но јас мислам дека создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија“, изјави Мицкоски. 

Смета дека придонес кон ова ќе дадат и најавените шест бесплатни ин витро процедури.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

ad
Слично

Поврзани вести