Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ќе има уште адаптирани „противпожарни“ возила, чекаат технички прием

Мицкоски: Ќе има уште адаптирани „противпожарни“ возила, чекаат технички прием

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во гаснењето на пожарите ќе бидат вклучени уште повеќе адаптирани стари полициски и воени возила во противпожарни и дека тие во текот на вчерашниот ден се покажале како ефикасни.

Претходно, власта оваа новоформирана „единица“ ја нарече „македонска интервентна пожарна“.

- Специјалните возила кои претходно беа адаптирани, во текот на вчерашниот ден од нив, беа вклучени девет „пинцгауери“, еден „хермелин“ и два „БТР-а. Истурија околу 300 тони вода. Тоа е како полициските и армиските хеликоптери да направат 75 прелети тој ден. 

Очекувам по техничкиот прием, деновиве да бидат вклучени сите, така што сметам дека драматично ќе биде подобрена расположивата механизација. 

Слично

Поврзани вести