Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ќе има намалување на акцизата за горивата

Мицкоски: Ќе има намалување на акцизата за горивата

По продолжувањето на кризната состојба, премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање на настан во Дебарца рече дека владата во наредниот период ќе ја намали акцизата на цените на горивата.

- Ќе има секако, бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа, а и курсот на доларот е посилен.

Ние како влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци. Цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на цените и кај дизелот и кај безоловните горива, наведе премиерот.

Мицкоски не даде прецизен термин кога би се донела таа одлука, туку само рече дека се уште се прават калкулациите.

Слично

Поврзани вести