Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ќе има добри, пријатни вести од САД за македонските граѓани

Мицкоски: Ќе има добри, пријатни вести од САД за македонските граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Кратово на новинарско прашање рече дека очекува „добри,пријатни вести од САД за македонските граѓани во наредниот период“. Ова тој го изјави како коментар на одлуката да САД „да ги замрзне“ иселеничките визи за македонските граѓани и да ја стави Македонија меѓу 75 такви земји.

- Јас мислам дека во деновите кои што ќе следат ќе има добри,пријатни вести за македонските граѓани кога станува збор за ваков тип на односи помеѓу нашиот стратешки партнер, Јас жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер - Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави и кон САД

Ќе ве потсетам,кога беа наметнати оние трговски тарифи од 33-35 проценти, истите тие перјаници,кои јас ги нареков талог во општеството и политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД,а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелираше таа ставка на 15 проценти. Така што, јас би бил внимателен и трпелив и очекувам многу добри вести за македонските граѓани наскоро, искоментира Мицкоски.

Слично

Поврзани вести