Мицкоски ќе биде на чело на ВМРО-ДПМНЕ само уште еден мандат
Премиероот Христијан Мицкоски во денешното интервју за емисијата „360 Степени“ на МТВ рече дека ќе биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ уште еден мандат и дека нема намера да иницира прмена на партискиот статут за да ја продолжува функцијата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ претстојниот викенд оди на конгрес на кој се очекува реизбор на Христијан Мицкоски за претседател на партија за следниот четиригодишен период. Тоа ќе биде трет лидерски мандат за Мицкоски што според актуелните решенија во партискиот статут значи и последен. Ако се оди чекор понатаму, тоа значи дека во 2029 година ВМРО ДПМНЕ треба да има нов лидер.
- Ова е мојот последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добијам поддршката, И додека јас сум претседател, тој услов за максимален број на мандати што еден претседател може да ги има, немам намера да поддржам каква било иницијатива за промена на тој дел од статутот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
