Мицкоски: Кичево–Охрид ќе се довршува со финансирање од домашни банки
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се одвива според предвидената динамика, а за завршување на автопатот Кичево–Охрид е обезбедено финансирање од домашни банки.
„Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална“, изјави Мицкоски при посетата на Струга.
Тој посочи и дека напредуваат делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола.
Слично
