Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Кавадарчани се задоволни од Митко Јанчев, но дали ќе добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатура, ќе одлучат органите на партијата

МИЦКОСКИ: Кавадарчани се задоволни од Митко Јанчев, но дали ќе добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатура, ќе одлучат органите на партијата

Дали Митко Јанчев ќе добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да се кандидира повторно за градоначалник на Кавадарци?

Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски вели дека кавадарчани се задоволни од работењето на Јанчев, но дали ќе добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одлучат органите на партијата. 

Овој свој став Мицкоски го кажа во интервју за весникот Вечер. 

На прашањето од новинарорт дали, по низата отворени несогласувања со политиките на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев ќе добие втора шанса кај него и партиска поддршка за нова кандидатура, Мицкоски за Вечер одговара:

„Логично е да имаме различни мислења и некогаш да не се согласуваме и да коментираме за тоа, но тоа не треба да се прави јавно, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е голема сложена структура и логично е да имаме различни размислувања од поединци, но се седнува, се аргументира и се излегува со компромис. Ценам дека јавни настапи со јавна критика кон политиката на партија не се добри, и тоа сум му го кажал и на Митко лично. Содржината на неговите критики никогаш не сум ја коментирал, она што можам да го заклучам за работењето на Митко Јанчев е дека кавадарчани се задоволни, а дали ќе добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат органите на партијата“, вели Мицкоски во интервју за весникот Вечер.

Слично

Поврзани вести