Мицкоски: Како од два тони, полицијата пронајде само 200 килограми од канабисот
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во „Студио 10“ на 24Вести грабнувањето на канабисот од два тони во валандовско Јосифово од страна на група арачиновци го поврза со политички релации и рече дека полицијата при дводневната акција пронашла само 200 килограми од марихуаната.
„Чудно што пред само два дена во Јосифово биле украдени над 2 тони марихуана во камион, а потоа фамозно да исчезнат речиси 1.8 тони и да останат само стотина килограми, кои пак се пронајдени во Арачиново, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски“, рече претседателот на најголемата опозициска партија.
Мискоски прашува зошто се уште нема детали од истрагата на МВР и зошто не се обелоденети инволвираните и дека сето тоа покажува дека корупцијата е длабоко навлезена во општеството.
Знаејќи ги релациите на струмичките шверцери со оние во Арачиново, лесно можеме да ја поврземе паралелата на соработка, додаде тој.
Единствено Обвинителството вчера објави дека има шест осомничени, од кои двајца се веќе притворени. Се претпоставува дека пронајдената дрога изнесува само 231,773 која била одземена кај петтоосомничениот и истата во периодот од 4.12.2020 до 7.12.2020 година ја држел сокриена заради продажба во пластеник пред семејната куќа во с.Мојанце.
