Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Кај мене нема да видите во периодот којшто следува да ја повторувам како папагал придавката

МИЦКОСКИ: Кај мене нема да видите во периодот којшто следува да ја повторувам како папагал придавката

Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека формално ќе го почитува Преспанскиот договор.  Мицкоски повтори дека Преспанскиот договор е дел од Уставот.

Тој додаде дека нема намера, како што рече, да се однесува талибански и не очекува тоа да го прават и другите, без да прецизира на кого мисли.

„Кај мене нема да видите во периодот којшто следува да ја повторувам како папагал придавката“, рече Мицкоски. 

Тој вели дека е негово лично право да го користи терминот „Македонија“.

Пораката до Мицкоски, да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа, уште еднаш ја испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и посочи дека во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако претседателката Гордана Сиљановска - Давкова на инаугурацијата даде заклетва без „Северна“, Грците постојано опоменуваат за почитување на Договорот од Преспа. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести