Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски јавно го повика Заев да се договорат како понатаму

Мицкоски јавно го повика Заев да се договорат како понатаму

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа на телевизија 1ТВ јавно го повика премиерот Зоран Заев на средба, за како што рече, да се договорат како понатаму.

Кажа дека на Заев му стои на располагање за средба. 

„Претпоставувам влезот во НАТО ќе се случи една година од сега, кога ќе заврши процедурата за ратификација во сите земји. Догодина ова време се надевам дека Македонија ќе биде членка на алијансата. Ни во најлошиот сон не можев да поверувам дека македонски политичар може да постигне ваков капитулантски договор како Заев. Еве тоа, како што велите, криминално минато заврши кога Зоран Заев го избравме за премиер. Дали сме на подобро место на скалата на корпуција, дали да разговараме за тендерите во четири очи… Сето она што Заев го критикуваше во 2016 година сега го практикува и го има усовршено“, вели тој. 

Појасни дека не го напуштаат процесот Жан Моне, туку го замрзнуваат на одреден период во период кога на деветти пратеник од ВМРО-ДПМНЕ му се симнува имунитетот. 

Слично

Поврзани вести