Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Јас нема да отворам врата на попишувачите,чиста глупост е тврдењето дека ќе има кривични пријави за оние што нема да отворат врата

МИЦКОСКИ: Јас нема да отворам врата на попишувачите,чиста глупост е тврдењето дека ќе има кривични пријави за оние што нема да отворат врата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно„ порача на властите дека тој нема да отвори врата кога ќе пристигне лице да го попише. Вели дека се глупости тврдењата дека ќе има кривични пријави за луѓето кои нема да отворат врата на попишувачите.
-Јас и уште илјадници граѓани нема да отвориме врата. Венко, Заев и директорот на ДЗС Апостол Симовски нека форсираат попис па, ќе видат како истиот ќе заврши. Здравјето нема цена. Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни, не треба да отвораат врата. Чиста глупост е тврдењето дека оние што нема да отворат врата ќе добијат кривични пријави. Нека тераат на сила. Силата раѓа сила. Ајде да одиме до крај, па да видиме чија сила ќе победи. Дали на Симовски и Заев, или на опозицијата, пишува Мицкоски во објавата на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести