Мицкоски ја прекинал посетата во Италија
ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба, уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името.
Како што соопшти денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-
ДПМНЕ Игор Јанушев, поради ваквото барање партискиот лидер Христијан Мицкоски ги
прекинува својата работна посета на Италија и средбите со македонската дијаспора.
- Мицкоски е веќе на пат за Македонија. Потребни се одлуки. Бараме итна лидерска
средба која би се случила уште во текот на утрешниот ден, истакна Јанушев.
Тој посочи дека Зоран Заев, иако е премиер, го нема монополот да одлучува за ова
најважно прашање, а евентуалниот договор да биде ставање на целата држава пред
свршен чин.
- Премиерот Заев и Владата во континуитет демонстрираат дисонтантни тонови во однос
на преговорите за името. Тие на почетокот имаа ставови за непромена на Уставот и
задолжително одржување референдум, но во периодот кој измина гледаме како овие
ставови не само што бледеат, туку и се напуштаат, посочи генералниот секретар на
ВМРО-ДПМНЕ.
Евентуалното постигнување договор меѓу Македонија и Грција за ВМРО-ДПМНЕ би било
чин на заеднички компромис што подразбира и грчката страна да отстапи од некои свои
позиции и барања.
- Единствените информации што ги има ВМРО-ДПМНЕ од Владата се оние од
лидерската средба во јануари годинава и билатералната јавна средба меѓу лидерите на
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на март. Од тогаш до денес, ВМРО-ДПМНЕ не е
запознаена со аспектите, ниту со новите детали од разговорите. Имаме дипломатија која
се движи по линија на егзибиционизам. Остануваат само позитивните тонови и изјави на
Заев, а според неофицијалните информации работите во реалноста се движат во
непосакуван правец, нагласи Јанушев.
