Мицкоски ја поздрави одлуката на СДСМ да не ја поддржи интерпелацијата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во име на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на СДСМ да не ја гласаат интерпелацијата за четири функционери меѓу кои министерот за внатрешни Панче Тошковски, а која ја поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Мицкоски рече дека политичките партии и покрај тоа што се во опозиција, според него, тие се свесни дека иницијативата на ДУИ ја влече земјата во „политичко мочуриште“.
СДСМ ваквата одлука ја донесе на вчерашниот прв Извршен одбор по изборот на новото раководство, додавајќи дека во моментот гласањето недоверба на владините функционери не е решение за излез од кризата, но остануваат на барањето за лидерска.
ДУИ претходно иницираше интерпелација против Тошковски по настаните на 28 ноември, кога беа регистрирани еден куп инциденти со славењето на Денот на албанското знаме.
Мицкоски рече дека одлуката на СДСМ е позитивен чекор, но и дека во моментов не гледа потреба од лидерска средба.
