Мицкоски ја потврдува автентичноста на разговорот, но вели дека се работи за монтажа на актуелната власт
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја потврдува автентичноста на разговорот меѓу него и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, што денеска беше објавен на Јутјуб, но рече дека се работи за монтажа на актуелната власт.
Вели дека тоа е само еден разговор, а се сечеле и монтирале парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев.
„Јас сум го кажал тоа и во разговорот, дека кога ја преземав ВМРО-ДПМНЕ пред точно 30 месеци, партијата беше во незавидна финансиска ситуација, со блокиран имот од истата онаа судијка Димишкова која е сестра на оној адвокат Димишков, кој го слушавме како бара шест милиони евра од познат бизнисмен за да биде ослободен од притвор. Да, во тој момент имавме сериозни потешкотии, нешто слично претпоставувам како што ќе ја затекнеме државата после 15 јули. Останатиот дел од разговорот сум го коментирал и во минатото дека мора да има правда и право, но она вистинско, а не онакво какво што му одговара на СДСМ и Зоран Заев“, изјави Мицкоски.
Снимката објавена на каналот „Рекет“ насловена како „Рекет 2“ ( е продолжение на веќе објавени делови од разговор меѓу Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, еден од осудените во случајот „Рекет“.Првиот човек на СДСМ Зоран Заев очекува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска да ги викне на сослушување претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и бизнисменот Орце Камчев, како што вчера го повика поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев.
