Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски ја напушти лидерската средба - што бара од Заев?

Мицкоски ја напушти лидерската средба - што бара од Заев?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба која попладнево се одржува во Клубот на пратеници. По час и половина излезе од средбата, со повик до премиерот Зоран Заев најдоцна до понеделник да свика нова средба во формат како досегашниот, со лидерите на најголемите македонски партии и најголемите партии на Албанците во Македонија. Не остапуваат од барањата за техничка влада, за Закон за финасирање на партиите и Закон за Влада.

Тој бара гаранции за фер избори, кога тие и да се одржат. На средбата покажал револт од  однесувањето на пратениците од СДСМ за Изборниот законик, што вчера предложија да биде изменет со цел да се намали потребното мнозинство за формирање на ДИК.

Слично

Поврзани вести