МИЦКОСКИ ЈА ИЗВИСИ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА, ПОЗИЦИИТЕ НА АНГЛИСКА КРАЛИЦА ВЕЌЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ: Ванковска со своја оцена за „северна“
Дали грешам ако кажам дека Мицкоски ја “извиси” претседателката во врска со чинот на заклетвата. Таа се истрча па сега користи немушт јазик (симболи и заменки) за да не каже Ѕеверна. Тој фино-лепо ќе си почитува уставно име и тоа го нарекува владеење на правото, напиша Билјана Ванковска откако вчера Мицкоски кажа како ќе ја нарече Македонија на заклетвата.
„Освен тоа, пак прават акробација со Законот за локална самоуправа на противуставен начин, а таа не гледам дека планира да му се обрати на собранието (вето не може да стави).
Позициите на англиска кралица веќе се дефинирани. Сега ќе си владее Мицкоски со партнерите“, напиша таа на фејсбук.
Слично
