Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите изјави дека од истрагата за струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов ќе излезат шокантни податоци и посочи дека цела шема допира до поранешни политичари.

„Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни“, информираше на денешниот брифинг Мицкоски.

Тој посочи дека Крмзов ширел невистини по интервјуа, што ќе се документира и докаже. 

Крмзов тврдеше дека проблемите започнале во декември 2023 година, кога Управата за јавни приходи (УЈП) отвори контроли во неговите компании. Тој обвини дека контролите биле постојано одложувани, што државата го користела како изговор да не ги исплати средствата што ги должела на неговите фирми.

Слично

Поврзани вести