МИЦКОСКИ: Историската комисија не ги штитеше интересите на Македонците, ќе има нов состав
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека историската комисија не ги штитеше интересите на Македонците и наскоро ќе има нов состав.
Мицкоски најави дека наскоро ќе биде променет составот на македонската страна во Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.
„Нема политичка заднина во промената на членовите на Мешовитата комисија. Нормално е дека новата Влада, составена од нови луѓе, ќе сака кадровски промени и не гледам што е страшно ако Комисијата има нов состав. Инаку, мое лично мислење е дека актуелната Мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ“, вели премиерот Мицкоски.
Промената се очекува многу скоро, во текот на овој месец или на почетокот на септември.
