Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ИНСИСТИРАШЕ ДА НЕ СЕ ВЕРУВА НА МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА, А ЗАЕВ СО ПИСМО САКАШЕ ДА СЕ ДИСТАНЦИРА: Величковски вели дека не им поминал обидот за цензура на скандалот со марихуаната

МИЦКОСКИ ИНСИСТИРАШЕ ДА НЕ СЕ ВЕРУВА НА МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА, А ЗАЕВ СО ПИСМО САКАШЕ ДА СЕ ДИСТАНЦИРА: Величковски вели дека не им поминал обидот за цензура на скандалот со марихуаната

Ивон Величковски вели дека и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се обиделе да ја цензурираат веста за 40-те тони марихуана.
„Пораката гласи: Не се прифаќа обидот за цензура од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и медиумите на аферата 40 тони марихуана

Навидум едно "протоколарно" известување на Амбасадата на САД во Скопје:

"Вршителот на должност амбасадор, Никол Варнс пред кратко време протоколарно се сретна со министерот за надворешни работи Муцунски, министерот за одбрана Мисајловски и министерот за внатрешни Тошковски. За време на средбите в.д. Варнс ја потврди извонредната соработка по заедничките приоритети, вклучително трговијата, колективната одбрана и безбедноста на нашите две нации".

Еден ден пред премиерот и министерот за внатрешни да излезат на снимки со запленетата роба.

Истиот ден кога невешто:

- Мицкоски на прес инсистираше да не се верува на медиумите во Србија дека таму запленетата марихуана не потекнува од Северна Македонија, а

- Заев со писмо сакаше да се дистанцира од марихуанската афера иако дејноста се "регулираше" во неговиот владин мандат, а последиците од "регулативата" се мерат во тони шверцувани психотропни супстанци.

И два дена откако медиумите веста ја третираа небаре се случила во Сомалија.

Бидејќи марихуаната меѓу Северна Македонија и Србија очигледно транзитирала полесно одошто брашно.

Цензурата кажува дека:

- Ова е повеќе од афера и имплицира далеку вон границите на регионот. Молкот на ЕУ амбасадите затоа е особено интересен.

- Операцијата секако не е домашна“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести