Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг, 20 години чекавме за Струмица

Мицкоски: Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг, 20 години чекавме за Струмица

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Македонија избра насока, а не партија. 

Вели дека ова е почеток на новата македонска енергија. 

„Покажавме дека политиката може да има ново лице, без гнев, без навреди и граѓаните го препознаа тоа“, рече Мицкоски. 

Вели дека довербата не е награда, туку е задача. 

„Да бидам искрен патот не е лесен, а Македонија има сила, има волја, има луѓе. Вечерва не славиме, туку ветувате дека уште повеќе ќе работиме“, порача премиерот. 

Вели дека вистинската победа е кога секој човек ќе каже дека вредело. Teзата дека имало нерегуларности, не е издржана, туку е плитка. 

„Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг“, рече Мицкоски. 

Додаде дека имаат победа и во општини каде претходно владееше СДСМ, како пример ја наведе Струмица. 

„Дваесет години чекавме на овој ден, дваесет години“, рече тој за Струмица. 

Ги повика граѓаните и во вториот круг да излезат и да гласаат. Мицкоски рече дека овие резултати се порака и за ДУИ и за лидерот Али Ахмети за кого рече дека се удирал во гради со провокативни изјави. 

Слично

Поврзани вести