МИЦКОСКИ: Има притисоци од бугарските европратеници дека ако извештајот биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи
Според премиерот Христијан Мицкоски, извештајот за Македонија во Европарламентот е под жестоки бугарски пристисоци. Вели дека дел од членовите на Комитетот за надворешна политика (АФЕТ) и дел од европратениците даваат голема поддршка за Македонија и дека владата ќе продолжи да се бори.
Според Мицкоски, на површина е излезена, како што вели вистинската стратегија и причина на официјална Софија - создавање на сегашна македонска нација, идентитет и јазик, кои се темелат на бугарски корени.
„Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада дека ако тој извештај биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес“, рече Мицкоски.
На 4 јуни, Комитетот за надворешни работи на Европарламентот го одложи гласањето за извештајот за напредокот на нашата земја кон членство во ЕУ, по предлог на известувачот Томас Вајц. Гласањето во Комитетот сега е закажано за 24 јуни, а пленарното гласање се очекува во јули во Стразбур.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
