Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети

Мицкоски: Има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети

Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа говорејќи за работењето на Владата истакна дека се дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат ќе бидат сменети.

„Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам и заспивам со таа една мисла, дали даваме се од себе, дали сите даваат се од себе. Кај поединци имам дилема, имам задршка. И кај тие што имам дилема и задршка ги опоменувам дека имам чувство дека можат повеќе да дадат“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека барал од соработниците да се работи прекувремено и да бидат поблиску до граѓаните.

„Ако е природно да се работи 5 дена во неделата по 8 часа, сега ќе се работи 7 дена во неделата по 12, 13, 14 часа. Тоа е начинот на којшто мора да функционира оваа влада. И тогаш кога народот ќе види дека вие го оставате срцето на терен, тогаш ќе ви прости се, ќе рече се трудат, секоја чест. Ако видат дека вие се поднесувате надмено, не одговарате на пораки кога ќе ви пратат, колку и тие пораки да ве отпретуваат, колку и тие пораки за вас се бесмислени, ако вие не им вратите, не посветите внимание, не се поздравите, не стегнете рака на улица, тоа нема да ви го простат никогаш“, нагласи Мицкоски.

Запрашан за тоа дали има задршки за некои конкретни имиња во контекст на најавената реконструкција Мицкоски одговори:

„Имам да, точно и како што кажав тоа сум го кажувал лично. Не зборувам само во рамките на Владата туку и во рамките на институциите коишто се дел од Владата, затоа што мислам дека поединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваат.“

Слично

Поврзани вести