Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МИЦКОСКИ ИМА ЕДНОСТАВЕН ИЗЛЕЗ, НО САМИОТ СЕ ЗАГЛАВИ ВО ЌОРСОКАК“: Османи со сериозни критики на сметка на премиерот

„МИЦКОСКИ ИМА ЕДНОСТАВЕН ИЗЛЕЗ, НО САМИОТ СЕ ЗАГЛАВИ ВО ЌОРСОКАК“: Османи со сериозни критики на сметка на премиерот

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, со сериозни критики на сметка на премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, Мицкоски ја нарушува евроинтеграцијата на земјава.
„Премиерот продолжува да посочува виновници за да прикрие сопствени неуспеси.

Прво преку изборен популизам, ја ограничи можноста дипломатијата суштински да се ангажира и да обезбеди напредок во преговорите со ЕУ.

Потоа, целата држава ја стави во заложништво на сопствени ветувања , кои и ден-денес никој не може да ги објасни.

На крај, го зароби и сопствениот маневарски простор во политиката – и сега, наместо да ги исполнува условите на ЕУ, тој ѝ поставува услови на Унијата.

Ова не е само неисполнето ветување – туку длабоко нарушување на европското досие на државата.

Г-дин Мицкоски не само што нема план, туку никогаш и немал визија за одмрзнување на процесот.

Наместо тоа, гледаме преместување на фокусот кон алтернативни партнерства, далеку од европската перспектива.

Во таа опасна насока, премиерот постојано бега од одговорност, делегирајќи „виновници“ и создавајќи поделби. Тоа не е лидерство. Тоа е бегање од одговорност.

А фактичката состојба е едноставна и секому јасна:

Претходната Влада – не поединец, туку цела институционална структура – му остави одличен маневарски простор.

Наместо историски или идентитетски прашања, преговарачката рамка го признава македонскиот јазик, ја афирмира мултиетничката демократија и предвидува уставни измени што се веќе дел од нашиот систем.

Мицкоски има едноставен излез, но самиот се заглави во ќорсокак.

Наместо лов на вештерки, треба да ги слушне пораките од Претседателот Кошта и другите сојузници.

Нема план Б. Постојат само одговорност и храброст да се реализира планот А.

А за тоа – потребно е вистинско лидерство.

А за лидерство – потребни се лидери“, вели Османи.



Слично

Поврзани вести